Информации за достава

УСЛОВИ ЗА ИСПОРАКА

Испораката се врши на адресата дефинирана од Купувачот при извршената нарачка исклучиво на подрачјето на Северна Република Македонија само на лицето со својство на Купувач (име и презиме) или на лицето дефинирано како преземач на нарачката од страна на Купувачот.

Испораката се наплаќа во износ од 120 денари, доколку висинита на износот на нарачката е помала од 2800 денари, а преземањето може да се изврши исклучиво од страна на Купувачот (или наведеното лице за прием на нарачката) со покажување валиден документ за лична идентификација.

Испораката на нарачките ќе се врши преку соодветна компанија за достава на пратки.

ОДГОВОРНОСТ НА ИТГ Лимитед ДОО ВО СЛУЧАЈ НА ЗЛОУПОТРЕБА, НЕСООДВЕТНО И НЕОВЛАСТЕНО КОРИСТЕЊЕ НА ПЛАТЕЖНАТА КАРТИЧКА

ИТГ Лимитед ДОО – Скопје во потполност се оградува од каква било одговорност за штетата која може да му биде нанесена на Купувачот и/или на трети лица доколку таа настанала како последица на несоодветно и неовластено користење на платежната картичка, односно доколку од кои било причини таа е злоупотребена или искористена без знаење и согласност на сопственикот или доколку е украдена. Во наведените случаи ИТГ Лимитед ДОО -Скопје нема обврска да изврши враќање на уплатените средства.

ИТГ Лимитед ДОО - Скопје не е одговорен за трошоците за интернет сообраќајот на купувачот и нема да сноси одговорност за која било предизвикана штета која би можела да настане како резултат на прекин на интернет врската во моментот на користење на електронските услуги при онлајн купување.