Услови за користење и политика за наплата

Услови за користење:

Нашата платформа нуди брзо и едноставно користење на интерфејс системот и нарачка на производ преку четири едноставни чекори:

1. Избор на вашите потребни производи;

2. Плаќање директно на нашата страна или со налог преку банка;

3. Испраќање на производот на адреса или самостојно ќе го подигнете од нашите простории;

4. Достава на производот од соодветната компанија за достава и превземање од лице кое е наведено. Aloha.mk не превзема одговорност за квалитетот на услугата. Квалитетот на услугата е индивидуален и е обврска на давателот на услугата.

Општи услови за онлајн купување:

Посетител на страницата е секое лице кое по пат на средствата за електронска комуникација пристапува на веб-страницата www.aloha.mk и ја разгледува понудата на производи на ИТГ Лимитед ДОО - Скопје.

Купувач е физичко или правно лице кое преку веб-страницата на ИТГ Лимитед ДОО – Скопје нарачува и купува производи од понудата на ИТГ Лимитед ДОО - Скопје

За Посетителот односно Купувачот, кој стапува во деловен однос со ИТГ Лимитед ДОО - Скопје се применуваат позитивните законски прописи во Северна Република Македонија од областа на електронските комуникации, електронска трговија, заштитата на личните податоци и заштитата на потрошувачите.

РЕГИСТРАЦИЈА НА КУПУВАЧОТ

Купувачот кој купува производи од понудата на ИТГ Лимитед ДОО - Скопје потребно е да се регистрира/најави на веб-страницата www.aloha.mk или да се регистира како "Гостин", а притоа да ги остави бараните податоци за да може да се реализира онлајн нарачката.

УСЛОВИ ЗА ПЛАЌАЊЕ

Плаќањето на веб страната www.aloha.mk може да се изврши на еден од наведените начини:

1. Плаќање со платежна картичка;

Наплатата на испратените нарачки од Ваша страна ја извршуваме во моментот на купување на производот. Вие ја пополнувате нарачката и потоа сте пренасочени кон официјалниот процесирач на картички на Банката, каде се врши итернет наплатата, со пополнување на податоци од Вашата кредитна или дебитна картичка. Во моментот на пополнување на картичката Вие сте авторизирани, а пред испораката Вашите средства се одбиваат од Вашата сметка. По успешно извршената авторизација, Корисникот прима известување за извршеното успешно/неуспешно плаќање по пат на е-пошта.

2. Плаќање при испорака на домашна адреса;

Купувачот на нарачаниот производ преку веб-страницата www.aloha.mk износот го плаќа еднократно на рака на доставувачот при испорака на производот на домашна адреса.

3. Плаќање со банкарски трансфер (вирмански);

Плаќањето ќе биде на нашата сметка. При плаќање задолжително напишете го и бројот на нарачката. Вашата нарачка ќе биде испратена веднаш штом средствата ќе легнат на нашата сметка.

ВРАЌАЊЕ И РЕФУНДИРАЊЕ

По извршената испорака нема можност да се откаже купениот производ и да се сторнира платениот износ, освен во случаи кога корисникот има право да го откаже купувaњето врз основа на императивните одредби на Законот за заштита на потрошувачите.

Доколку Купувачот се определи за плаќање на производите со платежна картичка, постои можност од прекин на интернет конекцијата во моментот на плаќање. Доколку барањето за плаќање е регистрирано од страна на ИТГ Лимитед – Скопје, Купувачот добива нотификација на својата е-адреса со извештај за статусот на извршената уплата.

Доколку Купувачот добие потврда по е-пошта на внесената е-адреса за успешно извршено плаќање, а не го добие производот во предвидениот рок, во тој случај Купувачот може да достави приговор во продавницата на ИТГ Лимитед ДОО – Скопје или на е-адресата info@aloha.mk или на тел. 076 779 766. Купувачот е должен во прилог на приговорот да достави и доказ за потврдена уплата и/или извод од банката за извршена трансакција.

На сите забелешки пристигнати на е-маил, ИТГ Лимитед ќе одговори во предвидениот законски рок од 15 дена.